Утрински Весник
Македонија

Општина Крива Паланка го расчистува непристапниот пат до село Дренак

Општина Крива Паланка го расчистува непристапниот пат до село Дренак

Крива Паланка, 21 март 2020 (МИА) – Надлежните служби од општина Крива Паланка денеска интензивно работат на расчистување на снегот на патниот правец кон селото Дренак, оддалечено околу 40 километри од градот.

-По последните врнежи од пред неколку дена кога на повисоките места падна снег, жителите на селото Дренак беа отсечени од градот, а со оглед на вонредната состојба во државата и мерките кои се спроведуваат за заштита на граѓаните од Ковид-19, превземени се мерки за расчистување на овој патен правец. Селото е лоцирано на најголема надморска висина и секоја зима има проблем од овој тип поради конфигурацијата на теренот. Активностите ќе придонесат за овозможување услови за достава на храна и лекови на жителите, информира градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Во селото Дренак живеат околу дваесетина жители.

Општинскиот кризен штаб превзема низа мерки неделава за спречување на ширењето на Ковид-19. ид/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Двете лица од Врапчиште се приведени и по извршен службен разговор се пуштени

Филипче-Ле Риголер: Евроинтеграцискиот процес мора да продолжи, Северна Македонија заслужува да биде дел од ЕУ 

ДА МУ СЕ ДАДЕ МОЖНОСТ НА ПОВИКОТ ЗА ОБЕДИНУВАЧКА ПЛАТФОРМА