Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Општина Кочани ги засилува заштитните мерки откако кај едно лице е потврден КОВИД-19

Општина Кочани ги засилува заштитните мерки откако кај едно лице е потврден КОВИД-19
300x250 opst2

Кочани, 1 април 2019 (МИА) – Општина Кочани ќе ги засили заштитните мерки против ширењето на коронавирусот, откако министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека во Кочани е регистриран првиот случај на заразен со КОВИД-19.

Според известувањето од локалната самоуправа, веќе се затворени сите повеќенаменски игралишта во Кочани и во Оризари, по примерот на детските, кои не се  во употреба од 21 март. Во тек се и подготовките за дезинфекција на возилата на трите сообраќајни влеза во Кочани, информираше градоначалникот Николчо Илијев.

– Со жалење ја примив веста дека коронавирусот не ја изостави и нашата општина. Посакувам брзо оздравување на пациентот и ги повикувам сите граѓани одговорно и сериозно да се однесуваа и заеднички да придонесеме заразата да не фати големи размери. Ризикот е помал доколку доследно се почитуваат упатствата и препораките на Министерството за здравство и Светската здравствена организација, истакна градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев.

Со дезинфекција ќе се почне од сообраќајницата по која се движат возилата што доаѓаат од Штип, токму поради бројот на заболени што ги има во оваа соседна општина.

Општинскиот Кризен штаб посочи дека повеќенаменските спортски игралишта биле критични и недозволени собиралишта на поголеми групи граѓани, поради што побара локалната самоуправа да ги затвори, а полициските службеници позачестено да интервенираат таму каде што има групи над пет лица. та/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Мицкоски сака партиско судство, се заканува ама никој не му се плаши

Филипче: Минималната плата во Албанија ќе биде 520 евра, за Мицкоски и 400 евра биле многу

Полиција откри поголема количина дрога во скопско Ѓорче