Утрински Весник
Македонија

Општина Кичево ги ослободи угостителските објекти од комунални такси

Општина Кичево ги ослободи угостителските објекти од комунални такси

Кичево, 29 јуни 2020 (МИА) – Советот на Општина Кичево донесе одлука за ослободување од комунална такса за фирмите, односно назив на деловната просторија на угостителските објекти, користење деловен простор без надоместок и одлука за отпис за комунална такса, односно фирмарина.

Претставникот на општина Кичево Бурим Кадриу истакна дека денешните одлуки биле усвоени едногласно од присутните советници.

– Советничката група на Алијансата за Албанците ја напушти седницата поради фактот дека со мерката не биле опфатени и туристичките агенции и таксистите. Додека, пак советниците од ВМРО-ДПМНЕ , ја напуштија седницата од прагматични причини, рече Кадриу.рз/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Демократски Сојуз: Македонскиот јазик е државен, протестите се политички мотивирани

Левица: Свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Уапсени три лица кои вчера на гробиштата во Бутел нападнаа и повредија двајца вработени во АД „Бутел“