Утрински Весник
Македонија

Општина Кичево врши дезинфекција на сите училишта и градинката

Општина Кичево врши дезинфекција на сите училишта и градинката

Кичево,16 март 2020 (МИА) – Општина Кичево во рамки на повеќето мерки кои се преземаат за спречување на ширењето на коронавирусот, врши дезинфекција на сите училишта и градинката.

Дезинфикацијата се очекува да заврши до крајот на неделата, а ја спроведува Центарот за јавно здравје Битола.

-За да спречиме евентуална појава на коронавирусот во Кичево, во соработка со Центарот за јавно здравје од Битола, се врши дезинфекција на сите основни и средни училишта во Општината. Оваа кампања започна прво во училиштата од руралните средини минатата недела, додека од денеска ќе биде спроведена и во сите градски училишта, како и во градинката. Со овој зафат се надеваме ќе придонесеме за спречување на ширењето на коронавирусот во објектите за масовно собирање, вели раководителот на секторот за образование од Општина Кичево Емин Насуфи. рз/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Утре нов „Марш на ангелите“ во Кочани

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, велат од СДСМ

Министерството за енергетика со нов повик за субвенционирање клима уреди