Утрински Весник
Македонија

Општина Кисела Вода ќе почне со целосна реконструкција на улица „Милан Мијалковиќ“

Општина Кисела Вода ќе почне со целосна реконструкција на улица „Милан Мијалковиќ“

Скопје, 14 мај 2020 (МИА) – Општина Кисела Вода преку проектот за подобрување на општинските услуги МСИП 2, кој го спроведува Министерството за финансии, со поддршка од Светска банка овој месец ќе започне со целосна реконструкција на улица „Милан Мијалковиќ“, во должина од 1218 метри и ширина од 5,50 метри, во населба Прижино, информираат од оваа скопска општина.

Од таму исто соопштија дека на  наведената улицата, со ширина од 1,5 метри ќе бидат обновени и тротоарите од двете страни.

– Локалната самоуправа во истовреме, големи градежни зафати ќе започне и во урбаната заедница „Цветан Димов“, каде во следните 8 месеци во должина од 2658 метри ќе се поставува нова атмосферска канализација. По завршувањето на овој зафат бенефит од него ќе имаат над 1500 жители, истакнуваат од Општина Кисела Вода. оџ/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Одрон на патот Скопје – Велес, сообраќајот се одвива по една лента

ОЈО ГОКК: Две лица во 48-часовен притвор за случајот со марихуаната во Србија

Жерновски до Митева: Владата никако да каже дали парите за авион ќе ги пренасочи за минималната плата