Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Општина Кисела Вода ќе врши дезинфекција на јавните површини

Општина Кисела Вода ќе врши дезинфекција на јавните површини
Img 7972

Оваа седмица, Општина Кисела Вода на својата територија ќе стартува со активности за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19.

Во петок, тим од обучени работници на Општината, во населбата и селото Драчево, ќе вршат дезинфекција на улиците и тротоарите, на урбаната опрема во парковите, на автобуските постојки, детските и спортските игралишта.

„Во периодот што следува, во сите месни и урбани заедници, Општина Кисела Вода ќе продолжи да спроведува акции за дезинфекција на јавните површини. Работниците активностите ќе ги вршат со новите општински возила, со канистри за миење на улиците“, соопштија од Општината.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Двајца уапсени по тепачка пред ресторанот „Дукат“ во Капиштец

Филипче: Тоа што СДСМ го создаде ДПМНЕ го руши, укинати здравствените услуги во Неготино

Почина момчето, кое со мотоцикл удри во џипот на пратеник од Левица