Утрински Весник
Македонија

Општина Кисела Вода: Честитки за успешно завршената училишна година

Општина Кисела Вода: Честитки за успешно завршената училишна година

Скопје, 10 јуни 2020 (МИА) – Општина Кисела Вода на сите ученици и на нивните наставници им честита за успешно завршената училишна година. Посочуваат дека од прекинот на наставата во нашата држава, училиштата во нивна надлежност, преку онлајн далечинско учење реализираа богата наставна програма.

-Учениците со помош на наставниците и своите најблиски, во домашни услови  имаа онлајн часови по сите наставни предмети. Училиштата реализираа активности за идната професионална ориентација на учениците од деветто одделение, а покрај ова, децата имаа и воннаставни активности. Учениците сликаа цртежи и по повод одбележувањата на повеќето домашни и меѓународни денови, се вели во соопштението.

Од Општина Кисела Вода изразуваат благодарност и до родителите кои се вклучија во воспитно- образовниот процес. мд/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, залихи има доволно

Сведоштво на мајка во „Ноќно студио“: Без никакво решение од Центар за социјални работи разведениот сопруг го зема детето

(Видео) Жртва на семејно насилство за 4TV: Системот не ги штити жртвите туку е на страна на моќниците