Утрински Весник
Македонија

Општина Кисела Вода прослави 65 години постоење

Општина Кисела Вода прослави 65 години постоење

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – Општина Кисела Вода денеска прослави 65 години од формирањето, соопштија од оваа скопска општина.

Изминатиов период во насока на подобрување на условите за живот на граѓаните, од таму информираат дека тие соработувале со граѓаните, со невладините организации, државните институции, странските амбасади, УНДП, училиштата, правните субјекти, спортските работници, а и со претседателот и со членовите на Советот на Општината, без разлика на која партија припаѓаат.

За досегашната успешна соработка, градоначалникот Филип Темелковски, плакети им подели на градоначалникот Петре Шилегов, која во негово име ја прими претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, на амбасадорот на Словачка, Н.Е. Хенрик Маркуш, на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, на Амбасадата на Руската федерација, на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Никола Бабовски. Плакети во знак на благодарност добија и сите останати соработници на Општина Кисела Вода.

Градоначалникот Темелковски благодарници им подели на учениците првенци на генерација, на наставниците за вложениот труд и за успешното завршување на учебната година во вонредни услови и на спортските работници, кои секогаш прават се да ги привлечат младите на спортските терени, а со тоа и да им го покажат правиот пат.

Градоначалникот Филип Темелковски на учениците им честиташе за постигнатите успеси и им посака успешно продолжување на образованието, а на наставниците им се заблагодари за се што прават за правилен развој на децата.

По повод прославата, свечена седница одржа и Советот на Општина Кисела Вода на која говореше претседателот на Советот, Дарио Шимиќ. оџ/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по нашата консолидација

Директорот на затворот Шуто Оризари вели нема шанси Кешишев и Палчо да размениле писмо