Утрински Весник
Македонија

Општина Карпош забрани користење детски игралишта и собирање во групи

Општина Карпош забрани користење детски игралишта и собирање во групи

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – Општина Карпош ги затвора сите детски игралишта, кои се заградени и кај кои постои можност да се заклучат. Целта е да не се собираат групи на деца и родители, а како резултат на спречување на ширење на Ковид 19 (коронавирусот), соопшти прес-службата на Општината.

– На територија на Карпош постојат и повеќе игралишта, фитнес зони кои се отворени. Ги повикуваме сите граѓани да не се собираат и да не ги користат овие рекреативни зони, стои во соопштението.

Од вчера целосно се забранува собирање во група на повеќе од пет лица, во паркови и на други јавни места и јавни површини. За оваа цел, се интензивираат и контролите на Министерството за внатрешни работи и Армијата на Република Северна Македонија. Станува збор за одлука од 23 – та седница на Владата, наведува Општината.

Општината повторно повикува на целосно почитување на препораките за заштита од коронавирус. нд/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приправник во МВР пукал од службен пиштол на полицаец, поднесени кривични за двајцата

Стојанче ја удира Ивана неколку часа пред смртта откриваат снимки од „Сејф Сити“

Со велосипед удрил во паркиран автомобил – малолетник од Франција тешко повреден