Утрински Весник
Македонија

Општина Карпош донираше 40 единици крв

Општина Карпош донираше 40 единици крв

Скопје, 19 мај 2020 (МИА) – Општинската администрација на Карпош денеска донираше 40 единици крв за потребите на Институтот за трансфузиона медицина.

Од општината информираат дека на оваа акција биле поттикнати, бидејќи крводарителите не се во можност да донираат крв поради пандемијата од коронавирусот.

-Оваа хумана акција се спроведе во соработка со Општинската организација на Црвен крст – Карпош, а во истата се приклучија и градоначалникот Стефан Богоев, други членови на администрацијата како и доброволни дарители од наставниот и воспитен кадар од основните училишта и градинките од Карпош, велат од општина Карпош.

Акцијата била спроведена со почитување на мерките за заштита.

-Секој крводарител носеше заштитна маска, се одржуваше дистанца, а во рамки на еден час можеа да донираат крв максимум пет лица. Претходно, на секое лице му беше измерена температура, притисок и проверка на хемоглобинот во рамки на вкупната процедура при дарувањето крв во вакви вонредни услови, велат од општината. ир/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лекари и медицински персонал од штипска Физикална терапија обучени за рехабилитација на пациенти со изгореници

Каранфилова -Пановска: Зошто да земеме унгарски кредит, а да не ги користиме парите од европските фондови

Познато името на докторот кој е пријавен дека допирал девојче, тој тврди – има камери, има сведоци, пациентката лаже!