Утрински Весник
Македонија

Општина Карпош врши дезинфекција на станбените згради во населбата Козле

Општина Карпош врши дезинфекција на станбените згради во населбата Козле
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 28 март 2020 (МИА) – Комуналните служби на Општина Карпош денеска ги дезинфицираат влезовите од згради во населбата Козле. Се дезинфицираат влезните врати, сандачињата, гелендерите и лифтот.

-Оваа акција се спроведува во текот на целата недела. Се дезинфицираа зградите со повеќе од осум домаќинства, во сите населби на територија на општината. Во текот на утрешниот ден, ќе бидат дезинфицирани и зградите во Влае, со што целосно ќе се покријат сите станбени единици во Карпош, велат од општината.

Оттаму информираат дека хигиеничарите користат посебно средство за дезинфекција, кое служи и за чистење на јавни површини.

Локалната самоуправа продолжува и со миење и дезинфекција на локалните улици и јавните површини (тротоари, плоштади и платоа) во Карпош.

-Ги повикуваме сите граѓани да се придржуваат до препораките за заштита од коронавирусот, да одржуваат зголемена хигиена во влезовите и заедничките простории од згради. Сите носиме одговорност за јавното здравје, велат од општината. ир/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Магла на патните правци Дебар – Струга, Куманово – Крива Паланка и Велес – Катланово

СДСМ: ДПМНЕ пак дели тендери, фирмата на Нефи дел од колачот вреден 3 милиони евра

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника