Утрински Весник
Македонија

Општина Илинден донесе сет препораки и мерки за превенција од Ковид-19

Општина Илинден донесе сет препораки и мерки за превенција од Ковид-19

Скопје, 19 март 2020 (МИА) – Во врска со потребата од преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење и спречување на внесување на Коронавирусот COVID-19, при состојба на пандемија, состојба на ширење на заразна болест, и согласно донесените Одлуки на Владата за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, како и следење на тековите во локалната економија, градоначалникот на Општина Илинден ги донесе следниве препораки, мерки и решенија:

1. Ги повикуваме сите граѓани на почитување на препораките на Владата и Главниот координативен кризен штаб како и Министертството за здравство, да ги сведат на минимум своите движења и да останат во своите домови како би се избегнало ширењето на вирусот;

2. Сите лица кои влегуваат на територија на општина Илинден а доаѓаат од земји со среден и висок ризик , задолжително да останат во самоизолација во период од 14 дена, или доколку чувствуваат одредени симптоми да се јават за проверка од страна на епидемиолози;

3. Се препорачува на сите лица кои се дојдени последниве денови во своите викенд куќи за одмор и рекреација кои се наоѓаат на подрачје на општина Илинден, да спроведат самоизолација, или доколку чувствуваат одредени симптоми да се јават за проверка од страна на епидемиолози;

4. Се препорачува на возрасните лица со хронични болести да го намалат своето движење и да го избегнуваат јавниот превоз;

5. Се препорачува до куќните совети во координација со ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје, интензивно да вршат дезинфекција на заедничките простории во колективните објекти за домување – згради, во влезовите на зградите, лифтовите, подрумите и гаражите во станбените згради на територија на општина Илинден;

6. Се задолжуваат јавните комунални претпријатија да ги интезивираат активностите за зголемување на јавната чистота и хигиена на јавни површини;

7. ЈКП Илинден да спроведе дезинфекција на сите улици и јавни површини на територијата на општина Илинден;

8. Одделението за инспекциски надзор да изврши контроли над јавната чистота, хигиена и уредноста на дворовите на сопствениците, заедничките простории во колективните објекти за домување – згради, и да доставува дневни детални извештаи од извршените контроли, кои мерки се преземени, против кои лица (со име и презиме) и во кој период;

9. Основните Општински Училиштата и Средното Општинско Училиште, во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Општина Илинден, веднаш да започнат со подготовка на план и начин на спроведување на онлајн настава за учениците, и истиот јавно да го презентираат;

10. Се задолжуваат директорите на јавните општински установи да спроведат целосна дезинфекција на објектите на детската градинка, основните општински централни и подрачни училишта и средното општинско училиште;

11. Се откажуваат сите настани и активности на територија на Општина Илинден на отворени и затворени простори во период додека се на сила мерките на Владата;

12. Се затвораат сите спортските објекти и се откажуваат сите спортски настани и натпреавари на територија на општина Илинден, во период додека се на сила мерките на Владата;

13. Данокот на имот ќе пристигне за наплата во средината на месец Јули и ќе се плаќа на еднакви месечни рати, без камата, до средината на месец Декември 2020 год., за сите правни субјекти регистрирани на територија на општина Илинден и сите жители и сопственици на имот на територијата на општина Илинден;

14. Со Решението за висина на данок на имот за 2020 година, ќе биде утврдена вредност на висина на данок на имот за 50 % понизок, од Решението доставено за 2019 година;

15. Решенијата за комунална такса – фирмарина, кај правните субјекти регистрирани на територија на општина Илинден, ќе пристигнат за наплата во средината на месец Јули и ќе се плаќаат на еднакви месечни рати, без камата, до средината на месец Декември 2020 год.;

16. Нема да се врши исклучување на корисници на јавни услуги како и да се врши присилна наплата на граѓани кои имаат неподмирени обврски;

17. За сите завршени предмети, готови документи, граѓаните, барателите ќе бидат информирани и контактирани од страна на вработени во општинската администрација;

Од оптината соопштуваат дека за информирање и комуникација со општинската администрација се препорачува да се користат општинските е-услуги, како и официјалните општински мејлови: ilinden@ilinden.gov.mk, gradonacalnik@ilinden.gov.mk, info@ilinden.gov.mk, urbanizam@ilinden.gov.mk, inspektorat@ilinden.gov.mk, контакт телефоните: 02/2571703 и 02/2571704. фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер