Утрински Весник
Македонија

Општина Градско формира мобилен тим за помош на сите стари и изнемоштени лица и лица со посебни потреби”

Општина Градско формира мобилен тим за помош на сите стари и изнемоштени лица и лица со посебни потреби”

Велес, 15 март 2020 (МИА) – Заради новонастанатата состојба и подигнатиот степен на подготвеност и превенција во справување со корона вирусот Општина Градско формира мобилен тим за помош на сите стари и изнемоштени лица и лица со посебни потреби од општината, со цел да не остваруваат непосреден контакт со останати луѓе и да  не се изложат на дополнителна опасност од инфицирање со Covid-19.

Како што појаснуваат од Општина Градско, секој граѓанин од наведените категории, кој има потреба од набавка на потребни лекарства, прехрамбени производи и средства за хигиена ќе може да телефонира секој ден од неделата, во секој дел од денот, на следните телефонски броеви: 070/566-261 и 078/441-443.

-После јавувањето доаѓа лице од мобилниот тим од Општина Градско во домот на нарачателот и ќе ја прими нарачката со соодветни средства за купување на истата, информираат од Општина Градско. ад/дма/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Таксист нападнат во Центар, одбил да превезе повеќе лица од дозволеното

Министерот Мисајловски на средби во Пентагон во рамки на стратешкиот дијалог со САД 

Илир Мета му се заблагодари на Александар Николоски за “ставот околу неговото насилно апсење и политичките обвинувања против него“