Гостивар, 5 март 2020 (МИА) – Реализацијата на буџетот на општина Гостивар минатата година достигна 102,1 процент. Според градоначалникот Арбен Тарвари, станува збор за своевиден рекорд што е резултат на спроведените мерки и работата на администрацијата.
Образложувајќи ја точката за Предлог-одлукатата за извршување на четвртиот квартал од 2019 година, Таравари на денешната седница на Советот напомна дека се соочиле со предзивици кои, како што рече, сепак успеале да ги надминат и да постигнат резулати кои и поразвиени општини не можеле и ја оцени како рекордна. Според Таравари тоа е постигнато со растот на капиталните инвестиции и намалувањето на тековните трошоци.
Од секторот за финсии и буџет ја нагласија и зголемената реазлизација на приходите од даноци која може да биде и подобра. – Досега не сме имале не сме имале ваква реализација. Минатата година реализацијата на буџетот во однос на превидените расходи и приходи изнесува 98,2 отсто . Но ако се додадат и 40 милиони денари кои се префрилија за оваа година, реализацијата достигнува 102,1 процент, рече раководителот на Секторот, Садри Елези.
На денешната седница, Советот на Општина Гостивар, донесе одлуки за доделување околу 500 илјади денари на два фудбалски клуба и еден карате клуб од ставката трансфери за спортски клубови. згм/мч/