Утрински Весник
Економија

Општина Гостивар побара од компаниите да се солидаризираат и да доставуваат пакети со продукти до гостиварскиот Црвен Крст

Општина Гостивар побара од компаниите да се солидаризираат и да доставуваат пакети со продукти до гостиварскиот Црвен Крст

Гостивар, 7 април 2020 (МИА) – Прехранбени продукти, хигиенски препрати, заштитни средства и електронска опрема во моментов им се потребни на социјално загрозените семејства и медицинските лица во Гостивар, беше кажано на состанокот на двасетина локални бизнисмени и Координативниот совет за дистрибуција на помош во салата на Советот на општината.

– Заинтересираните компании можат да купат продукти и да подготват пакети со храна за возрасни, бебиња, со хигиенска опрема и слични производи во вредност од 20 евра. Тоа би ги задоволило основните потреби на четиричлено семејство за две недели. Пакетите треба да се достават во Црвениот крст каде веќе има список на лица на кои оваа помош им е непоходна, рече Арбен Таравари градоначалник на општина Гостивар.

Тој напомена дека добредојдена би била и помош во раквици, маски и скафандери за гостиварската болница.

Како проблем од општинскиот сектор за образование го истакнаа недостигот од соодветна опрема за следење на „он лајн“ наставата.

– Од направените анализи и податоци што се доставени до нас, околу 900 ученици во средните и основните училишта немаат можност да ја следат наставата. Тие потекнуваат од сиромашни семејства и немаат соодветен уред како, лап топ, таблет, компјутер или паметен телефон преку кој би се поврзале, рече Аслијан Снопче одговорна за образование во општина Гостивар.

Од Координативниот совет за дистрибуција на помош беше кажано дека компаниите треба сами да ги купат производите и да ги достават во седиштето на Црвениот Крст или во општата болница.

– За да бидеме поефикасни, ќе ја дистрибуираме и спецификацијата за содржината на пакетите што ја направија од Црвениот крст. На овој начин ќе се набават неопходните работи и донациите ќе ја постигнат целта. Засега има потреба од набавка на производи за подготовка на три вида семејни пакети: за прехрана, хигиена и бебешки пакети. На тој начин загорезените нема да излегуваат и на тој начин да се изложат на ризик и себе и другите, рече Љуљзим Хазири координатор на Советот за дистрибуција на помош.

Од локалната самоуправа, најавија дека вакви средби ќе има и во наредниве денови, за, како што беше кажано, да се поттикне хуманоста и на најдобар начин да се искористат донациите.згм/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст