Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Општина Гостивар планира да оддели пари од буџетот за уште три спортски клубови

Општина Гостивар планира да оддели пари од буџетот за уште три спортски клубови
Dik 300x250 mk

Гостивар, 28 февруари 2020 (МИА) – Гостиварската локална самоуправа планира да поддржи три спортски клубови со пари од општинскиот буџет. Со претходната одлука на Советот на општината финансиска поддршка добија кошаркарскиот прволигаш „Гостивар“ и фудбалските второлигаши „Гостивар“ и „Вардар“.

На правата наредна седница на Советот на Општина Гостивар ќе се најдат предлог одлуките за доделување на финансиски средства на околу 500 илјади денари на два фудбалски клубови и еден карате клуб од ставката трансфери за спортски клубови.

Според предлог одлуките кои ќе се најдат пред општинските советници, на фудбалскиот клуб „Генч Калемлер Спорт” од Долна Бањица се доделуваат 150 илјади денари. Ист износ е планиран и за фудбалскиот клуб „Трабзонспор“, а финансиски средства од Буџетот на Општина Гостивар за 2020 година, на карате клубот „АСИАРТ”-Гостивар во износ од 170 илјади денари.

Со претходна одлука на Советот на општината, финансиска поддршка од три милиони денари доби ФК „Гостивар“, два милиони КК „Гостивар“ и ФК Вардар од Форино 150 илјади денари. згм/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: 35 години ВМРО-ДПМНЕ Куманово – град на хероите, достоинството и силниот дух

Утревечер ѕвездено небо над Штип во чест на Панчо, светлината што никогаш нема да згасне

Филипче: Во програмата на Бузлевски никој не е заборавен, со него Ресен повторно ќе се развива