Утрински Весник
Македонија

Општина Гевгелија лани вложила повеќе од половина милион евра во патната мрежа

Општина Гевгелија лани вложила повеќе од половина милион евра во патната мрежа

Гевгелија, 13 февруари 2020 (МИА) – За подобрување на локалната патна мрежа, oпштина Гевгелија изминатава година вложила 35,4 милиони денари или 574.000 евра за изградба на нови и поправка на постојните патишта во градот и сите населени места.

Најголем дел од средствата, поточно 27 милиони денари, посочија од надлежната општинска служба, биле наменети за изградба на 2,9 километри нови улици на кои била асфалтирана површина од 10.920 метри квадратни.

Нови улици се изградени во градот Гевгелија и населените места Негорци и Мрзенци, а со општински средства и финансиска поддршка од Бирото за регионален развој беше изградена последната делница од патот Негорци – Серменин, како и патот од селото Давидово до манастирот Свети Илија.

Неколку улици во градот и населените места Прдејци и Миравци лани биле реконструирани со нов асфалт кој бил послан на 5.636 метри квадратни, а биле бетонирани повеќе од седум илјади метри квадратни улична површина на помали улици и краци во селата Кованец, Давидово, Милетково, Миравци и Прдејци. им/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Аврамовски: Наместо пари за питијади и ајваријади, општините да инвестираат во повеќе јавни паркинзи, зеленило и подобри услови во градинките и училиштата

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: Следува намалување на интензитетот на овој топлотен бран од Африка!

ВМРО-ДПМНЕ: Аудито Q8 на Филипче кое го возеше и во предизборната кампања е купено од фирмата која продавала 3 пати поскап јаглен на ЕСМ