Утрински Весник
Македонија

Општина Гевгелија забрани собирања по парковите во ноќните часови

Општина Гевгелија забрани собирања по парковите во ноќните часови

Гевгелија, 20 март 2020 (МИА) – Согласно најновите владини заклучоци за спречување и заштита од ширење на Ковид-19,Општина Гевгелија забрани пристап на лица и возила по паркови и јавни површини во ноќните часови.

Поточно, секој ден во времето од 18 часот до 6 часот наутро,се забрануваат собирања во рекреативниот центар ,,Динќут,, на излетиштето Вардарски рид и по сите паркови и јавни површини.

Заради примена на мерката, ОВР Гевгелија со патролни возила ќе ги контролира влезовите на овие локалитети како и на парковите каде се забранува собирање на група поголема од пет лица.

Сите маркети, аптеки, банки и објекти во градот кои даваат поштенски услуги задолжително треба да обезбедат редарска служба која ќе го контролира влезот во нив и ќе обезбеди растојание од два метра меѓу луѓето надвор и во објектите.

Доколку не се почитуваат насоките, Општина Гевгелија најави преземање соодветни законски мерки. им/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Компанијата dm drogerie markt ги предупредува граѓаните да не веруваат во информации кои се споделуваат за измами со повлекување на пари од сметка и лажни наградни игри!

352 лица ја минаа дводневната обука за пожарникари, утре ќе потпишат договори за работен ангажман

Принудно слетување на авион на „Wizz Air“ во Скопје по удар во јато птици