Утрински Весник
Македонија

Општина Гевгелија донесе програма за спроведување на мерки за заштита од заразни болести

Општина Гевгелија донесе програма за спроведување на мерки за заштита од заразни болести

Гевгелија, 4 мај 2020 (МИА) – Гевгелиските советници ја донесоа Програмата за спроведување на општите мерки за заштита и спасување на населението од заразни болести за 2020 година, изработена врз основа на Елаборат од Подрчната  на Центарот за јавно здравје во Гевгелија.

Градоначалникот на Гевгелија Сашо Поцков истакна дека дел од активностите на Програмата, односно дезинфекцијата на улиците и јавните површини поради пандемијата на корона вирусот, веќе се спроведуваат од страна на надлежните служби одредени од Општинскиот кризен штаб.

– Општинскиот кризен штаб секојдневно продолжува со следење на состојбата предизвикана од пандемијата и со остварување на постојана координација и соработка со сите државни и општински установи, рече Поцков.

Поцков информираше дека состојбата во Општина Гевгелија е мирна и стабилна и дека навреме преземените мерки придонеле бројот на заразените од Ковид-19 да биде минимален и моментално да нема инфицирани граѓани на територијата на општината.

Општинскиот совет донесе одлука и за реализација на пет теренски акции за дезинсекција, од кои две ларвицидни и три против возрасни комарци, како и за дератизација која треба да се изведе на околу 1.400 шахти најдоцна до 15 мај.

Поради пандемијата и вонредната состојба, за шест месеци е одложена примената на одлуката за измена на сообраќајниот режим за достава на роба, која требаше да стапи во сила на први мај. им/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЦУК: Пожарот во Чаир е комплетно изгаснат

Цело семејство загина во сообраќајката на патот Прилеп-Битола

Конференција за влијанието на пролиферацијата на напредно конвенционално оружје