Утрински Весник
Македонија

Општина Гевгелија го враќа старото работно време

Општина Гевгелија го враќа старото работно време

Гевгелија, 24 април 2020 (МИА) – Oпштина Гевгелија денеска соопшти дека локалната администрација и сите надлежни служби само уште денеска работеа со скратено работно време од 9 до 14 часот, а веќе од понеделник, 27 април, ќе работат како и порано од 8 до 16 часот.

Во соопштението се вели дека од понеделник граѓаните своите барања и молби ќе можат да ги поднесуваат на пријавниците секој работен ден во времето од 10 до 14 часот.

Останува опцијата сите потребни информации и услуги граѓаните и понатаму да ги добиваат по електронски пат на истакнатите мејл адреси на надлежните служби како и на дежурните телефонски броеви во Гевгелија и месните канцеларии во Миравци, Негорци, Богородица и Прдејци.им/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски предупреди: „Сејф Сити“ ќе казнува и на зелено – 45 евра ако ја блокирате раскрсницата

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори, владината реконструкција најдоцна до јуни

Мицкоски: На листата на Владата за државен обвинител се тројца кандидати, Ленче Ристоска не е меѓу нив