Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Општина Гевгелија ги определи зоните и организаторот на зонското паркирање

Општина Гевгелија ги определи зоните и организаторот на зонското паркирање
300x250 opst2

Гевгелија, 21 февруари 2020 (МИА) – Советот на Општина Гевгелија на седница ги определи трите зони за паркирање возила во Гевгелија со цел да се стави ред во сообраќајот особено во централното градско подрачје.

– Првата, црвена зона А, е ограничувачка и треба да влијае дестимулирачки кај возачите за долготрајно паркирање во центарот на градот, поточно на определените пет улици без паркинг-просторите кај гимназијата и зад Стопанска банка, рече проектантот Миле Стојменов.

Втората, жолта зона Б, се состои од улиците кои крстосуваат со сообраќајниците од центарот на градот и јавните површини за паркирање кај библиотеката и спортската сала. Во оваа зона, појасни Стојменов, паркирањето ќе се наплаќа, но нема да биде временски ограничено.

Третата, зелена зона, ги опфаќа преостанатите улици кои обезбедуваат пристап до централните градски улици во Гевгелија.

Одлучено е зонското паркирање да го организира ЈПКД „Комуналец“, кое ќе ги одреди и цените кои, исто така, ќе се стават на усвојување од страна на општинските советници. им/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?

Филипче од Свети Николе: СДСМ се бори Македонија да биде дом за сите, а не приватен имот на власта

Мицкоски: Случаите на Филипче и струмичкото лоби се во фиока – по изборите ќе има правда за сите