Гевгелија, 23 март 2020 (МИА) – Согласно владините мерки за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19, општина Гевгелија од денеска стави клуч на сите детски игралишта во и надвор од училишните дворови, како и на рекреативните центри до кои го забрани пристапот на сите граѓани.
Покрај ова, Општината соопшти дека продолжува да ги применува, па дури и да ги засилува мерките за дезинфекција на улиците, јавните објекти и површини во соработка со ПЕ на Центарот за јавно здравје и ЈПКД „Комуналец“ и упати апел до граѓаните истото да го прават и тие, а на станарите во колективните згради им порача да си организираат дезинфекција на влезовите и ходниците.
Општината апелираше до работодавачите во конфекциските и други производствени погони доследно да ги почитуваат препораките и мерките и на вработените да им обезбедат заштитни маски и ракавици.
Дежурните такси возила за време на полицискиот час ќе ги пренесуваат граѓаните само до болница и аптека. им/мс/