Утрински Весник
Македонија

Општина Виница ќе формира Oдделение за локален економски развој

Општина Виница ќе формира Oдделение за локален економски развој

Виница, 14 мај 2020 (МИА) – Општина Виница ќе формира посебно Oдделение за локален економски развој за да ги зајакне капацитетите на општинската администрација во подготовката на капитални проекти, a за кои би се користелe и средства од ЕУ фондовите.

Одлуката за новата систематизација веќе е прифатена од страна на општинскиот Совет, по што е започната постапката за формирање на Одделението за ЛЕР.

– Во досегашната систематизација немаше вакво одделение, а вработените од други одделенија, со издавање посебни задолженија, ги вршеа таквите задачи. Целта е да бидеме поконкурентни во однос на останатите општини во регионот, посебно во делот на искористување на средствата од европските фондови за реализирање развојни инвестиции. Сакаме да бидеме подготвени и да имаме изработени технички проекти пред објавувањето на датумот за претпристапни преговори на нашата државата со ЕУ. До пред неколку години во локалната самоуправа имаше само неколку такви проекти, а за краток период беа изработени поголем број од нив, при што за само две и пол години Општината доби грантови и други средства во висина од 6,5 милиони денари. Во меѓувреме, се подготвуваат нови дваесетина проекти кои што ќе останат да се реализираат и во мандатот на следната раководна структура, без разлика од која политичка опција таа ќе биде, истакна градоначалникот на Виница, Ивица Димитров.

Во рамки на искористувањето на средства од европските фондови и од други страснски инститруции, Димитров информираше дека е почната изработката на техничка документација за проширување на музејот „Теракота“. Со неа е предвидена и замена на покривната конструкција, поставување лифт и термоенергетска фасада на општинската зграда, во делот каде што се наоѓа Домот на културата „Тошо Арсов“ има можност за поставување „зелен покрив“. Дополнително, во оваа културна институција ќе се работи на целосна реконструкција и внатрешно уредување при што е предвидена и замена на системот за затоплување.

За изработка на техничката документација се инвестираат 20 илјади евра што се обезбедени од УНДП и Шведската агенција за меѓународен развој – СИДА преку проектот „Градење капацитети во општините за имплементација на проекти“.

Планскиот документ го изработува фирмата „Квадар“ од Скопје и тој треба да биде готов до крајот на летото. та/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал