Утрински Весник
Македонија

Општина Велес ја спроведува одлуката на Владата за времен прекин на наставата поради новонастанатата состојба со корона вирусот

Општина Велес ја спроведува одлуката на Владата за времен прекин на наставата поради новонастанатата состојба со корона вирусот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Велес, 11 март 2020 (МИА) – Општина Велес согласно вчерашната одлука на Владата по препорака на Комисијата за зарасни болести денеска со соопштение ја извести јавноста дека во сите предучилишни установи (детски градинки) и сите основни училишта на територијата на Општина Велес, 14 дена е запрен воспитно – образовниот процес, како дел од мерките и активностите за превенција од ширењето на Covid 19, односно корона вирусот.

-Согласно владината одлука, се дозволува отсуство од работно место во јавните и приватните институции за еден родител со дете до 10 годишна возраст во наведениот рок од 14 денови. Оваа мерка ќе биде во траење од две недели, согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија, а по препорака на Комисијата за заразни болести, информираат од Општина Велес.

Воедно информираат дека времениот прекин на наставата ќе се почитува и во сите средни и високо образовни институции во Општина Велес.

Тие појаснуваат дека потврда за отстуството на родителот може да се добие од соодветената институција во која родителот има засновано работен однос, т.е. од соодветната образовна институција каде учи ученикот/та. ад/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Виктор Божиновски осомничен за злоупотреба на донации во КК Куманово

Пожарникарите со препораки и совети за избегнување пожар за претстојните празници

МЖСПП: Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките