Утрински Весник
Македонија

Општина Велес  со препораки до превозниците кои вршат јавен превоз на патници и други мерки за заштита од Ковид-19

Општина Велес  со препораки до превозниците кои вршат јавен превоз на патници и други мерки за заштита од Ковид-19

Велес, 13 март 2020 (МИА) – Општина Велес согласно мерките за превенција од ширење на вирусот Ковид-19 денеска издаде соопштение со препораки до превозниците кои вршат јавен превоз на патници. Се однесува  на такси превозниците и на превозниците  на јавниот градски превоз за дезинфекција на нивните возила  и други превентивни мерки на заштита.

Од Општина Велес на такси превозниците на подрачјето на Општината им порачуваат  да ги дезинфицираат такси возилата на дневна основа пред да се вклучат во сообраќај, а такси возачите да користат лична зашитита (маска и гумени ракавици). Дополнително, ова е препорака и до приватните превозници кои се вклучени во јавниот сообраќај во Општина Велес за интензивирање на активностите за чистење и дезинфикација на нивните возила.

– Секое возило, независно дали сообраќа цел ден на одредена линија или се вклучува еднократно, треба да е подложно на дополнителна дезинфекција, како една од мерките за заштита од коронавирусот. Возилата да се дезинфицирааат со распрскување на соодветни средства на база на алкохол и Дезинтал 10 отсто, а да се врши и рачна дезинфекција на одделни делови од возилото, како што се ракодржачите и слично. Секое возило да се третира со дополнителната дезинфекција еднаш, пред вклучување на линијата или потоа, во зависност од динамиката на сообраќање, појаснуваат од Општина Велес.

Тие согласно актуелната состојба со коронавирусот ги потсетуваат граѓаните  дека една од мерките и препораките на Владата е и намалено користење на јавниот превоз со цел превенција од ширење на вирусот.

Од Општина Велес информираат дека  согласно задолжението од точка 17 од заклучоците на 16. Седница на Владата, Општина Велес во соработка со Министерството за здравство и Центарот за јавно здравје, пред истекот на превентивниот период од 14 дена  ќе извршат дезинфекција на објектите на воспитно-образовните институции во Велес. Во текот на превенција од коронавирусот, во сите воспитно-образовни институции во градот, секој работен ден, во периодот од 9:00 до 13:00 часот, ќе бидат воведени ротациони дежурства, со цел издавање на потребните потврди и останати документи.

 Граѓанскиот сервис центар при Општина Велес од вчера па вo наредните 14 дена е времено затворен.

Од Општина Велес информираат дека сите граѓани кои имаат потреба од услугите на Граѓанскиот сервис центар, во овој временски период, може да остварат контакт со Општина Велес по електронски пат.  На официјалната интернет страница на Општина Велес www.veles.gov.mk, достапни се сите услуги; Контактите со административните служби на Општина Велес се достапни на: www.veles.gov.mk/kontakt/ и www.veles.gov.mk/kontakti-na-vraboteni/,а за директен контакт може да се користи и официјалната електронска пошта opve@veles.gov.mk

Како што информираат од Општина Велес, доколку барањата (поднесоци, акти, списи, договори, решенија и сл. од нотари, адвокати и други институции) се неодложни, може да се достават во архивата во Општина Велес, на главен влез во општинската зграда. ад/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер