Утрински Весник
Македонија

Општина Велес со најголема транспарентност меѓу општините во земјава за 2020

Општина Велес со најголема транспарентност меѓу општините во земјава за 2020
Dik 300x250 mk

Велес, 19 јуни 2020 (МИА) – Општина Велес со 94,4 поени, годинава покажа највисока транспарентност меѓу општините во државата. Индексот на активна транспарентност го подготвува „Центарот за граѓански комуникации“ од Скопје, со поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), покажа раст на активната транспарентност на Општина Велес за 5,6 процентни поени во споредба со минатата година информира на денешниот прес градоначалникот Аце Коцевски.

Имено, од редот на државните институции, највисока активна транспарентност во државата, во 2020 година има Министерството за одбрана со високи 97,7 поени кое се наоѓа на првото место на листата.

Во истражувањето за 2020 година биле рангирани вкупно 98 институции.

-Индексот на активна транспарентност е одлична алатка за сите државни, регионални и локални институции во заложбите за подобрување на проактивноста на институциите во објавувањето на информации од интерес на граѓаните, нивната отчетност и отвореност, потенцира Коцевски.ад/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Спасовски: Резултатот е катастрофален, но вината не е само кај Филипче

Онкологија со месеци без тумор маркери и основна терапија за пациентите со рак

Безживотно тело на млада девојка најдено во Тетово