Утрински Весник
Македонија

Општина Велес започна со изградба на времен паркинг до Мало Мовче

Општина Велес започна со изградба на времен паркинг до Мало Мовче

Велес, 28 мај 2020 (МИА) – Општина Велес неделава започна  со уредување на просторот помеѓу мост „Гемиџии“ и Мало мовче, од десната страна на Вардар, за времено паркирање на возила.

Како што информира градоначалникот Аце Коцевски, со овој проект до изградба на катна гаража, ќе го ублажат проблемот со недостиг на паркинг простор во централно градско подрачје.

Инаку, Општина Велес планира да ја изгради првата катна гаража на просторот кај сегашниот паркинг до Автобуската станица во Велес. ад/цр

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче треба да знае дека проблемот не се медиумите, ниту ВМРО-ДПМНЕ, туку неговиот и криминалот на Заев

Министерот Хоџа се сретна со првиот човек на ЕБРД: Забрзување на клучните еколошки инфраструктурни проекти

Министерот Љутков на отворањето на Меѓународниот саем за туризам во Мадрид „ФИТУР 2026“