Утрински Весник
Македонија

Општина Велес апелира до граѓаните правилно да постапуваат со комуналниот отпад и урбаната опрема низ градот

Општина Велес апелира до граѓаните правилно да постапуваат со комуналниот отпад и урбаната опрема низ градот

Велес, 10 јуни 2020 (МИА) – Во Велес има купишта смет на јавни површини оставени од несовесни граѓани, а уништена е и урбана опрема, поради што од локалната самоуправа апелираат за будење на нивната свест, во спротивно најавуваат дека ќе превземат ригорозни казни и санкции против прекршителите. Воедно апелираат и ги повикуваат  совесните граѓани кои ги почитуваат правилата за одговорно постапување со отпад, сите прекршоци и загадувањето на животната средина и уништување на урбаната опрема наместо на социјалните мрежи да ги пријавуваат на официјалната интернет страница на Општина Велес www.veles.gov.mk , во делот „пријави проблем“.

Градоначалникот Аце Коцевски потенцира дека за него е разочарувачки фактот што сè уште има граѓани кои несовесно и неодговорно се однесуваат кон животната средина и  вандалски кон поставената урбаната опрема на повеќе локации и паркови  во градот.

Ниту една комунална служба не може да постигне да ја одржува хигиената во ситуација кога граѓаните континуирано создаваат нови диви депонии низ градот. Комуналните редари и комуналната инспекторка не можат да постигнат да ги санкционираат сите оние кои ја загадуваат животната средина, затоа ве молам да посветите внимание на просторот околу вас. Секоја клупа, секој парк, секоја улица е изградена со вашите пари, со парите на граѓанките и граѓаните на Велес. Многу е нелогично да ја уништуваме животната средина и да го загадуваме нашиот јавен, заеднички простор, порачува Коцевски.

Воедно,  ги повика жителите на Општина Велес сите прекршоци и загадувањето на животната средина да ги пријавуваат на официјалната интернет страница на Општина Велес, во делот „пријави проблем“.

Тој  потенцира дека лично ќе се заложи надлежните служби веднаш да постапат по секоја пријава и во најкраток рок да ги санкционираат несовесните сограѓани. ад/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Коцевски: Се водат повеќе предистраги и истраги за дивоградби, не се сомневам во работата на обвинителите

АСОМ: Итно стопирање на законот за игри на среќа – 10.000 луѓе остануваат без работа

Тошковски и Саити потпишаа меморандум за соработка: Во фокусот превенцијата и одговорот при кризни и вонредни состојби