Велес 8 април 2020 (МИА) – На денешниот состанок кој го организираше Општина Велес со сопственици на маркети и магацини на прехранбени производи беше упатен апел до граѓаните да купуваат навреме, а не пред самиот полициски час, за да не се прават непотребни турканици пред влезовите на маркетите и за да не се загрозува нивното здравје.
Воедно, ги известува граѓаните дека за време на полицискиот час во деновите сабота и недела, ДПТУ „Жито маркети“ Велес ќе врши достава преку онлајн-нарачки за намирници, пред сè до граѓаните кои се од ранливите категории, стари и изнемоштени лица, лица кои живеат сами.
Се препорачува оналајн-нарачките граѓаните да ги прават за најнеопходни производи, а за количината и видот на набавката за достава до домот на нарачателот, ќе одлучи самиот економски оператор во зависност од вкупната вредност на набавката. ад/хс/