Утрински Весник
Македонија

Општина Бутел со активности за спречување на ширењето на коронавирусот

Општина Бутел со активности за спречување на ширењето на коронавирусот

Скопје, 4 април 2020 (МИА) – Оштина Бутел  во изминатиот период презеде повеќе активности за заштита на здравјето на граѓаните и спречување и ширење на коронавирусот.
Од Општината информираат дека во рамки на активностите спроведено е миење локални улици и урбаната опрема, извршена е дезинфекција на сите училишта и градинки, направена е дезинфекција на станбените објекти, детските игралишта, платоата на трговските центри во Живко Брајковски – Бутел 1 и во Радишани.
Денеска, комуналната служба на Општина Бутел, како што стои во соопштението, ги дезинфицираше просториите и дворот на Полициската станица во Бутел, вонредна дезинфекција на Амбулантата во Бутел, Поликлиниката и Брзата Помош во Чаир.
-Локалната самоуправа продолжува со секојдневните активности за  чистење и дезинфекција на јавните објекти и површини, наведуваат од Општината.скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации 

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри!

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“