Утрински Весник
Македонија

Општина Битола формира координативна група за мерки против Ковид-19

Општина Битола формира координативна група за мерки против Ковид-19

Битола, 15 март 2020 (МИА)Општина Битола формира координативна група која континуирано ги следи состојбите поврзани со Ковид-19.

Во групата се градоначалничката Наташа Петровска, директорката на Клиничка болница Битола Билјана Гагачова, директорката на Центарот за јавно здравје Елизабета Крстева и директорката на Домот за народно здравје „Хаим Абраванел“, Весна Спирковска.

Покрај локалното делување на работната група за спроведување на мерки за превенција-болест COVID 19 (коронавирус),  Општина Битола презеде активности поврзани со јавниот сообраќајот и зголемената хигиена во сите општински установи,

Од тамошната локална самоуправа апелираат до сите добронамерници, да не настапуваат волунтаристички, односно неорганизирано и да не ја искористуваат ваквата состојба за популизам. мт/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: Касами делел тендери од 100.000 евра на фирма-донатор на БЕСА

Шест лица со симптоми на труење по семинар во ресторан во Куманово, двајца се хоспитализирани

(Видео) Среде пожари 400 пожарникари се оставени без плата, алармира СДСМ