Утрински Весник
Македонија

Општина Битола го редуцира јавниот градски превоз

Општина Битола го редуцира јавниот градски превоз
Dik 300x250 mk

Битола, 18 март 2020 (МИА) – Општина Битола денеска го измени и редуцира јавниот градски автобуски превоз на сите линии што ги одржуваат овластените автопревозници на подрачјето на општината.

Редуцирани се сите 12 линии, дел ќе сообраќаат повремено во парни (вторник, четврток, сабота) или непарни денови (понеделник, среда, петок), додека линиите број 6 и 7 ќе се одржуваат секојдневно, но од понеделник до петок и исто така со редуцирани термини за поаѓање од соодветните автобуски станици.

Новиот автобуски ред во јавниот градски сообраќај е објавен на официјалната веб-страница на Општина Битола или на посочениот линк http://www.bitola.gov.mk/wordpress/wp-content/uploads/2019/10/vozen-red.pdf. мт/вј

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води во 52 општини, СДСМ во 9, ВРЕДИ во 8 и НАИ во 5 општини

Мицкоски: Победа во над 30 општини, Орце води убедливо во Скопје

Филипче: Резултатот не е крај, туку почеток на консолидацијата на СДСМ