Утрински Весник
Македонија

Општина Битола ги обновува спортските терени во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“

Општина Битола ги обновува спортските терени во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“

Битола, 25 февруари 2020 (МИА)

Општина Битола почна адаптацијата на спортските терени во дворот на ОУ „Св. Кирил и Методиј“.

Градежната интервенција се врши по застој од 40 години, период во кој спортските терени во училиштето станаа неупотребливи, информираат од Општина Битола.

-По 40-тина години без никакви интервенции, сега на децата ќе им биде овозможено да имаат часови по физичко образование на нова површина и со соодветно поставена опрема. Ова место, треба да наликува на многу поубаво место и катче за нашите најмили и безбедно да се спортува во едно од училиштата кое се наоѓа во централното градско подрачје, истакна градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

За реконструкција и обнова на спортските терени Општина Битола ќе вложи 2 милиони денари, средства кои се инвестираат по стабилизирањето на општинскиот образовен сектор од наследените финансиски долгови, информираа од тамошната локална самоуправа. мт/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола домаќин на оскаровци, врвни кинаматографери од светот

Полицискиот хеликоптер изминатите два дена фрли повеќе од 80 тони вода

Средба на министерот Муцунски со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Андрју Стоу