Утрински Весник
Македонија

Опшина Аеродром со економски и хуманитарни мерки против коронавирусот

Опшина Аеродром со економски и хуманитарни мерки против коронавирусот

Скопје, 23 април 2020 (МИА) – Корисниците на деловен простор на подрачјето на општина Аеродром ќе бидат ослободени од закупнина, оваа одлука денеска ја донесоа советнниците на 39 тата седница која ја одржале онлајн.

-На седницата, меѓу другото, беше донесена одлука за ослободување од закупнина на корисниците на деловен простор на подрачјето на Општина Аеродром за време на вонредната состојба. Исто така, советниците изгласаа доделување финансиска поддршка на Црвен крст на РСМ за справување со Ковид-19, се наведува во соопштението на општна Аеродром.

Информираат дека денеле одлука за користење средства од постојната резерва од буџетот на Општина Аеродром за 2020 година со намена за преземање мерки и активности поврзани со кризата.

Советот на Општина Аеродром на Полициската станица Аеродром ѝ додели на привремено користење подвижни ствари без надоместок со цел справување со коронавирусот. бк/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Фатени крадци од Кавадарци, дел од одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот

Tетовец баран со потерница за издржување затворска казна од три години спроведен во затворот Идризово

Студен бран со снег и силен јужен ветер, најобилни врнежи во западните делови