Утрински Весник
Магазин

Опра Винфри со нова серија разговори на „Епл ТВ-плус“

Опра Винфри се враќа на својот формат на ток-шоу со нова серија на „Епл ТВ плус“, чии што први епизоди ќе се фокусираат на расизмот во САД, соопштија „Епл инк“ и Винфри во понедлникот.

Серијата Oprah Conversation ќе дебитира на 30 јули. Во првата епизода, гостин на Винфри ќе ѝ биде Ибрам Х. Кенди, автор на најпродаваната книга „Како да се биде антирасист“. Тие ќе зборуваат со бели луѓе на тема расизам, се вели во соопштението на Епл и Винфри.

„Време е да ја вратиме хуманоста во разговорите“, напиша Винфри, една од највлијателните жени во САД, на Твитер. „Се надевам дека ќе има разговори што нè обединуваат – а нема да нè делат“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста