Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Опозицијата смета дека Османи треба да ја поддржи резолуцијата ако е искрен во преговарањето со Бугарија

Опозицијата смета дека Османи треба да ја поддржи резолуцијата ако е искрен во преговарањето со Бугарија
300x250 opst2

Доколку министерот за надворешни работи, Бујар Османи е искрен во своето политичко делување во однос на преговорите со Бугарија, тој не треба да има никаков проблем со резолуцијата, бидејќи таа е потсетник за Владата преку што не смее да помине. Ваков е ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која денеска во Собранието ја поднесе резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции.

Од партијата велат дека резолуцијата доаѓа поради блокадата од страна на Бугарија на европскиот пат на Македонија, но и лошото водење на преговорите од страна на СДСМ и ДУИ, за кои ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати реагира дека задираат во националните темели.

„Резолуцијата е потребна за сигурност на граѓаните, затоа што на владата која ја интересира само криминал и личен интерес не може да и се верува. После таков дебакл со европскиот пат на Македонија, Владата чиј министер е Османи треба да си даде колективна оставка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата повтори дека резолуцијата е одраз на ставот на целата јавност, МАНУ, УКИМ, МПЦ ОА, и други релевантни чинители.

Можете да прочитате

СИБИРСКИ БРАН: Ќе наврне над 60 сантиметри снег, а ќе има и појава на мраз!

Универзална сала и Вардариште вечни ветувања за Скопје што никогаш не се реализираа

Падна дел од фасадата во центарот на Скопје, ограден е делот на тротоарот поради опасност за минувачите