Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Опозицијата бара одговорност од Спасовски за грабежот во магацинот за оружје на охридската полиција

Опозицијата бара одговорност од Спасовски за грабежот во магацинот за оружје на охридската полиција
Img 7972

Спасовски не е способен да ја чува муницијата и бомбите на МВР, оружје му е украдено од полициски магацин, а тој два дена молчи, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Или е целосно неспособен или грабежот е направен со негов амин. 50 тина бомби, рачни гранати, муниција и друго оружје е украдено од магацинот на полицијата во Охрид, што е полициски објект, кој треба да биде најбезбедното место во Охрид. И 2 дена по грабежот Спасовски молчи.

Која е гаранцијата која ја имаат граѓаните дека Спасовски може да ја сочува безбедноста, кога тој не може да го сочува ниту полициското оружје? Како граѓаните да се чувствуваат безбедни и заштитени, кога на полицијата и крадат од двор, и никој ништо не знае.

Дополнителен проблем е фактот и прашањето, на кого му требаат толку бомби, рачни гранати, муниција и оружје? Каде ќе биде употребено оружјето кое е украдено од охридската полиција, и за какви се кривични дела?

Кражбата во полициската станица во Охрид е тежок шамар за МВР, Спасовски и Ковачевски. Кражбата на оружје од станица покажува колку се неспособни Спасовски и Ковачевски.

Спасовски мора да понесе одговорност. Оставка веднаш“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Давкова го честита 11 Октомври

Уште малку ќе имаме потопло време, а следната седмица ново заладување

Николоски: Со најголемиот инфраструктурен проект, брзата пруга Скопје-Солун, Гевгелија ќе биде центар за туризам и бизнис во регионот