Утрински Весник
Свет

Опозициски лидери во Белорусија осудени на 10 и 11 години затвор

Опозициски лидери во Белорусија осудени на 10 и 11 години затвор

Судот во Белорусија денеска ги осуди водечките опозициски активисти на 10 и 11 години затвор, пренесува АП.

Висока членка на координативниот совет на опозицијата, Марија Колесникова, која се наоѓа во притвор од септември минатата година, а судот ја прогласи за виновна за обид за преземање на власта, создавање екстремистичка организација и повикување на дејствија што ја нарушуваат државната безбедност, беше осудена на 11 години затвор.

Уште еден од лидерите на Координативниот совет, адвокатот Максим Знак, кој се соочи со истите обвиненија, беше осуден на 10 години затвор.

Колесникова, која помогна во координирањето на протестите на опозицијата во август 2020 година, по претседателските избори на кои победи Александар Лукашенко, не сакаше да ја напушти земјата, иако властите ја принудија на тоа, додава американската новинска агенција.

Кога, наводно, белоруски тајни агенти ја донеле на границата со Украина минатиот септември и со цел да ја протераат од земјата, го искинала пасошот и се вратила во Белорусија, кога била уапсена.

Можете да прочитате

Дојче Веле: Европа размислува за испраќање мигранти во кампови на Западен Балкан

Калибаф: Непријателот испраќа пораки за преговори додека планира копнен напад

Украина повторно го запали руското пристаниште за извоз на нафта во Балтичкото Море