Утрински Весник
Македонија

Опожарени две возила во Скопје, огнот зафатил и фасада на зграда

Опожарени две возила во Скопје, огнот зафатил и фасада на зграда

По полноќ во СВР Скопје, М.С.(25) од Скопје пријавила дека на ул. Кленоец  настанал пожар, при што било опожарено возило „шкода фелиција“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Д.(68) од Скопје. Од пожарот биле зафатени и дел од фасада на зграда на ул. Кленоец , со прозорец и ролетна од стан, како и паркирано патничко возило „пасат“.

Пожарот бил изгаснат од Противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Променливо облачно со сончеви периоди

Пожар вечерва пред поликлиника во Аеродром

Локализиран пожарот на депонијата „Алинци“, се подготвуваат долгорочни решенија и засилен надзор