Во само 10 од 128 градови во Хрватска, во 2019 година бројот на родени деца бил поголем од бројот на починати, пишува весникот „јутарни лист“.
Според податоците на Државниот завод за статистика, најлош прираст меѓу градовите има Вуковар, во кој минатата година биле родени 194 бебиња, а починале 405 луѓе. Најдобро стои Задар, каде бројот на новородени и починати е речиси изедначен, 686 новородени и 705 починати.
Во четири хрватски општини не се родило ниту едно дете.
Збирни податоци покажуваат дека во 2019 година во Хрватска се родиле 36.135 деца – што е најмалку од 1900 година, односно откако постојат податоци, додека истовремено починале 51.784 луѓе.
Само по природен пат, не сметајќи на иселениците, населението во Хрватска минатата година се намалило колку еден град со големина на Пореч.
Првите податоци за 2020 година предупредуваат дека негативниот тренд ќе продолжи – во првите шест месеци од годинава родени се уште околу 150 бебиња помалку од истиот период минатата година, пишува хрватскиот весник.