Утрински Весник
Свет

Опасни закани од Сарево: Изетбеговиќ повикува на војна, ЕУ и НАТО молчат

Бакир Изетбеговиќ, лидерот на СДА и заменик-претседател на Домот на народите на Парламентот на БиХ, отворено повика на рушење на Дејтон, нова војна и укинување на Република Српска, пренесува Србија денес.

Изетбеговиќ изјави дека во БиХ живеат 60 проценти од Бошњаците, кои имаат право да управуваат со својата земја и кои не можат да бидат „сведени на третина од владата“.

Бакир на тој начин директно повика на рушење на Дејтонскиот договор и нови крвави конфликти. Но, никој од претставниците на ЕУ и НАТО не реагираше на овие сериозни закани! Сите тие молчат, сите што воведоа санкции за Милорад Додик и го зголемија военото присуство во БиХ поради „опасната реторика“ на раководството на Република Српска, а таа „реторика“ е заложба за зачувување на Дејтон.

Изетбеговиќ ја испрати последната закана до Србите, но и до Хрватите во БиХ, коментирајќи ги преговорите за промена на Изборниот закон.

– Партијата на Милорад Додик и Хрватска демократска заедница немаат право да сведат 60 отсто од пробосанските сили на една третина од власта! Ќе има избори и ќе победат силите кои сакаат добро и мир во оваа држава. Ги повикувам нашите соседи да бидат заедно со нас во изградбата на земја од која нема да мора да си заминат младите – рече Изетбеговиќ, со што јасно алудираше на тоа дека повеќе не го прифаќа Дејтонскиот договор, според кој БиХ е федерација на два ентитета и три конститутивни народи, во кои е забранет реизбор на кој било народ.

Сепак, сите на Запад молчат за оваа директна закана од војна и повикот за соборување на Дејтонскиот ред во БиХ. Никој нема збор да каже против Изетбеговиќ, а српскиот лидер Милорад Додик се најде на црната листа и на САД и на Британија и тоа само затоа што инсистира на правата на Република Српска, правата што ги гарантира Дејтон.

Можете да прочитате

Бројот на жртви од поплавите во Тексас достигна 70

ЕП ќе гласа за доверба на Урсула фон дер Лајен

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа