Утрински Весник
Свет

Опасен експеримент: На Флорида пуштаат 750 милиони генетски модифицирани комарци

Опасен експеримент: На Флорида пуштаат 750 милиони генетски модифицирани комарци

Локалните власти го одобрија планот за пуштање на повеќе од 750 милиони генетски модифицирани комарци на Флорида Кис во 2021 и 2022 година, и покрај противењето на локалното население и здруженијата за заштита на животната средина.

Проектот е одобрен од државната Агенција за заштита на животната средина во мај, а целта е да се тестираат видови на генетски модифициран комарец како алтернатива за прскање на големи количини инсектициди, јавува Си-ен-ен.

Видот на комарци aedes ae Egypti, кој живее на Флорида, шири неколку смртоносни болести, како што се зика, денга и жолта треска.

Генетски модифицираниот вид комарец е изменет така што од положените јајца се раѓаат женки кои умираат во фазата на ларва, пред да се изведат и да растат доволно за да започнат да се хранат со крв и да шират болести.

Само женката комарец се храни со крв, која ѝ е потребна за да создаде јајца.

Мажјаците се хранат само со нектар и затоа не пренесуваат болести.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украина им дозволи на мажите на возраст од 18 до 22 години да ја напуштат земјата за првпат од почетокот на војната

Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон

НАТО распореди германски борбени авиони поради руско присуство во Балтичкото Море