Утрински Весник
Свет
Img 7972

ООН предупредува, околу 34 милиони луѓе во светот гладуваат

ООН предупредува, околу 34 милиони луѓе во светот гладуваат
Img 7972

ОН предупредија дека гладот ​​ќе владее во повеќе од 20 земји во светот во следните неколку месеци.

Според извештајот на Организацијата за храна и земјоделство бројни семејства веќе гладуваат во делови на Јемен и Јужен Судан.

Во извештајот се вели дека околу 34 милиони луѓе се борат со недостиг на храна и се на работ на глад.

Гладот ​​е предизвикан од воени конфликти, климатски промени и пандемијата со коронавирусот, а во некои земји од временски непогоди и пустински бури.

„Нивото на страдање е алармантно. На сите нас е да дејствуваме брзо и да спасиме човечки животи“, генералениот директор на Организацијата на ООН за храна и земјоделство.

Северна Нигерија, Јемен и Јужен Судан се меѓу земјите кои се соочуваат со „атастрофа поради недостаток на храна, се наведува во извештајот на оваа организација.

Земјите во Африка се најзагрозени, а гладот ​​се заканува во Авганистан, Сирија, Либан, Хаити и во некои од карипските земји.

Можете да прочитате

Десетици илјади евакуирани на Филипините поради приближувањето на ураганот „Феншен“

Израел ги врати телата на 15 Палестинци во Газа

Хамас ја потврдува посветеноста на мировниот договор, ги враќа телата на заложниците, меѓународните сили се подготвуваат