Утрински Весник
Свет

ООН: Во нападот на Боко Харам во Нигерија се убиени најмалку 110 лица

ООН: Во нападот на Боко Харам во Нигерија се убиени најмалку 110 лица

Бројот на жртвите во неодамнешниот напад на терористите на Боко Харам во североисточна Нигерија се искачи на најмалку 110, изјави претставник на ООН.

Во нападот во саботата врз земјоделци кои работат на полиња со ориз во селото Гарин Квашебе во државата Борно, беа убиени најмалку 110 лица, рече на неделната прес-конференција Едвард Калон, координатор на ООН во Нигерија.

Претходно, локалните медиуми објавија дека најмалку 44 земјоделци биле убиени во нападот, а имало и многу ранети.

„Инцидентот е најнасилен директен напад против невини цивили оваа година. Повикувам извршителите на овој грозоморен и бесмислен чин да бидат изведени пред лицето на правдата”, рече Калон.

Подвлекувајќи дека се верува дека многу жени биле киднапирани од терористите, тој ја повика владата на Нигерија да преземе нешто во врска со инцидентот. Нигерискиот претседател Мухамаду Бухари го осуди нападот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата