Утрински Весник
Свет

ОН: Пандемијата на Ковид-19 ја зголеми екстремната сиромаштија во светот

ОН: Пандемијата на Ковид-19 ја зголеми екстремната сиромаштија во светот

Поради пандемијата на коронавирус, бројот на луѓе во светот на кои им е потребна хуманитарна помош за да преживеат достигна нови рекорди, соопшти Организацијата на Обединетите нации – ООН, истакнувајќи дека екстремната сиромаштија драматично се зголемила за само една година.

На едно од 33 лица ќе им треба помош за да ги исполнат основните потреби како што се храна, вода и санитарни услови во 2021 година, што е зголемување за 40 проценти оваа година, се вели во во глобалниот хуманитарен извештај на организацијата.

Тоа значи дека на 235 милиони луѓе ширум светот им е потребна помош, претежно во Сирија, Јемен, Авганистан, Демократска Република Конго и Етиопија, се додава во извештајот.

„ Кризата не е завршена“, рече генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.

„ Во буџетот за хуманитарна помош недостасуваат сè повеќе пари како што се влошува глобалната пандемија“, додава Гутереш.

Државите дадоа рекордни 17 милијарди долари во 2020 година за заеднички хуманитарен одговор, опфаќајќи 70 проценти од луѓето во неволја, што е зголемување за 6 проценти во споредба со 2019 година, се наведува во извештајот.

Но, ОН предупредија дека собрале помалку од половина од 35 милијарди долари, потребни за борба против раширената глад, борба против сиромаштијата и чување на децата во училиштата, при тоа ги повика побогатите земји да дадат финансиски придонес.

„ Богатиот свет сега може да ја види светлината на крајот од тунелот“, рече во изјавата претставникот на ООН за хуманитарни активности, Марк Лоукок. „Тоа не важи за најсиромашните земји“, додаде тој.

Земјите ширум светот се вели дека постигнуваат постојан напредок од 90-тите години во намалувањето на екстремната сиромаштија, која Светска банка, мултилатерален заемодавач за развој, ја дефинира како живот со 1,90 долари или помалку на ден.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk