Утрински Весник
Свет

ОН: Нападот со дрон на аеродромот во Ербил има за цел да ги разгори тензиите во регионот

ОН: Нападот со дрон на аеродромот во Ербил има за цел да ги разгори тензиите во регионот
Dik 300x250 mk

Специјалната претставничка на Генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН) за Ирак, Жанин Хенис-Плашерт предупреди во четвртокот дека нападот со беспилотни летала врз седиштето на глобалната коалиција против ИД на меѓународниот аеродром во Ербил има за цел разгорување на напнатоста во регионот, пренесува „Анадолија“.

„Синоќешните настани во регионот Курдистан се уште еден пример за несовесни обиди за разгорување на тензиите и за загрозување на стабилноста на Ирак. Ние ги осудуваме овие акти на насилство и ги повикуваме федералната и владата на Курдистан да дејствуваат брзо и едногласно за да спречат понатамошна ескалација “, објави Хенис- Плашерт на Твитер.

Претходно во средата вечерта, Министерството за внатрешни работи на Регионалната влада на Курдистан преку соопштение објави: „Беспилотно летало со ТНТ беше испратено кон коалициска база на аеродромот во Ербил“, додавајќи дека во експлозијата не е повреден никој, но дека зградата е оштетена.

Зачестеноста на нападите против американските сили и странските трупи од глобалната коалиција против ИД ескалираше во текот на последните неколку недели. Иако ниту една страна не презеде одговорност за нападите, Вашингтон ги обвинува ирачките вооружени групи поврзани со Иран за изведување на нападите.

Можете да прочитате

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим

Русија планира да го признае мајчинството како вработување со полно работно време

Хамас: Континуираното уништување на куќи во Газа е прекршување на договорот за прекин на огнот