Утрински Весник
Свет

ОН: Во Јемен гладот не престанува да се шири, условите се пеколни

ОН: Во Јемен гладот не престанува да се шири, условите се пеколни

Извршниот директор на Светската програма за храна при Обединетите нации, Дејвид Бесли по посетата на Јемен предупреди дека организацијата ќе биде принудена да бара стотици милиони долари приватни донации, во очајнички обид да го спречи распространетиот глад во наредните месеци, опишувајќи ги условите во земјата разорана од војна како пеколни.

На Светската програма за храна и требаат најмалку 815 милиони долари помош за Јемен во следните шест месеци, а има само 300 милиони долари, рече Бесли во интервју за агенцијата АП.

Тој додаде дека на агенцијата ќе и бидат потребни уште 1,9 милијарди долари за да ги исполни целите за оваа година.

Бесли го посети Јемен на почетокот на неделава, вклучително и главниот град Сана, кој е под контрола на бунтовниците Хути, поддржани од Иран. Тој рече дека во одделот за неисхранетост во болницата во Сана, видел како деца исчезнуваат поради недостаток на храна.

„Во одделите за деца во болниците, обично слушате плачење или смеа. Таму нема плачливост, нема смеа, има само мртва тишина“, објасни тој.

„Тоа е вистински пекол“, заклучи Бесли.

„Мислам дека е најлошото место во светот. Најстрашно е што целата таа катастрофа е предизвикана од луѓе“, нагласи тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет