Утрински Весник
Македонија

Онлајн предавање „Чекори во процесот на јавното застапување“

Онлајн предавање „Чекори во процесот на јавното застапување“

Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – Ромска асоцијација за жени и млади „Лулуди“ денеска во 18:00 часот ќе одржи онлајн предавање на тема „Чекори во процесот на јавното застапување“.

– Што е застапување? Зошто служи јавното застапување и што може да се постигне со ефективно застапување? Кој е процесот на јавно застапување? Во ова предавање ќе имате можност подобро да се запознаете со значењето на поимот јавно застапување, за што служи јавното застапување и каде се може да се применува. Воедно, преку интерактивен пристап и практични примери ќе имате можност да ги сознаете алатките и чекорите за ефективно планирање на јавно застапување, наведоа од „Лулуди“.

Предавањето ќе го спроведе Силхан Саитов, кој е искусен проектен менаџер во граѓанскиот сектор, кој испорачал неколку работилници од областа на застапување на Медицинскиот камп за застапување и долгогодишен учесник во општествени случувања поврзани со ромската заедница.

– За да го проследите предавањето потребно е претходно да се регистрирате со пополнување на краткиот прашалник на следниот линк: https://forms.gle/M6Y2qQS7J7ygsBxq7. По пополнување на формуларот за регистрација, ќе добиете повратен мејл на денот на предавањето со линк до предавањето. Регистрирањето за онлајн предавањето е отворено за сите и можете да го споделите и со други, образложија од Асоцијацијата. см/мд/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина

„Велибор Манев рече дека тука има закопано човек, на едно место покриено со гранки“, сведочат полицајци

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ