Утрински Весник
Македонија

Онлајн ликовна работилница на Пионерскиот дом во Гевгелија 

Онлајн ликовна работилница на Пионерскиот дом во Гевгелија 

Гевгелија,19 јуни 2020 (МИА) – Традиционалната годишна ликовна работилница на Пионерскиот дом во Гевгелија, на која се претставија дваестина талентирани деца, синоќа се одржа онлајн на официјалниот Јутјуб-канал.

Видео изложбата претставуваше сублимат од ликовни дела и изработки во текот на учебната година, односно цртежи од деца на различна возраст,  во сликарски техники акварел, темпера, колаж и гваш, како и неколку експериментални техники изработени под менторство на ликовниот уметник Мирјана Крстева Массетти.

–Со петтата по ред годишна изложба на ликовната работилница одбележуваме еден мал јубилеј на многу насмевки, задоволство, активно работење и создавање бои и звуци кои го дефинираат детскиот имагинарен свет. Иако во поинакви услови ќе успее да ве допре талентот на 20 млади ликовни уметници кои неуморно, во услови на пандемија од Ковид-19, твореа од дома. Ми претставува чест и задоволство што имам привилегија да работам со нив, рече Массетти. им/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Запленети 30.000 евра на ГП Богородица

Приведен разбојник во Скопје, кај него пронајдена и дрога

Запленети 30 илјади евра на граничен премин богородица