Утрински Весник
Македонија

Онлајн дебата за Еразмус плус програмата

Онлајн дебата за Еразмус плус програмата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 5 мај 2020 (МИА) –  Онлајн студентска дебата на тема „Искуствата од Еразмус плус размените“ како дел од активностите за одбележување на 9 Мај – Денот на Европа, ќе се одржи денеска на интернет платформата „Зум“ (ZOOM) .

Дебата е во организација на Европското движење на Македонија, а во неа ќе учествуваат 15 студенти од пет универзитети. Целта е, како што се наведува, студентите да ги разменат искуствата кои ги стекнале од учеството на Еразмус плус програмата во некоја европска земја и да се утврдат позитивните и негативните аспекти на ваквите искуства.

Дебата во 12 часот ќе може да се следи во живо на Фејсбук страницата на Европското движење (www.facebook.com/EuropeanMovementEMMK).вг/ев/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе